Breaking News

Шпански брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа


– Шпанскиот хуманитарен брод „Оупен Армс“ (Open Arms) денеска пристигна во близина на брегот на Газа.


Бродот носи 200 тони храна која очајно им е потребна на десетици илјади Палестинци раселени поради повеќе од петмесечната војна меѓу Хамас и Израел.


Помошта доаѓа откако Обединетите нации повторно предупредија на заканата од глад во Газа. Бродот во вторникот тргна од Кипар. јт/Фото: ЕПА .

Извор: МИА