Шпанската владејачка партија и Заедно за Каталонија почнаа разговори во Швајцарија


– Претставниците на шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија и коалицијата Заедно за Каталонија почнаа разговори зад затворени врати во Швајцарија за решавање на долгогодишниот конфликт.


Коалицијата Заедно за Каталонија ја предводи Карлес Пуџдемон. Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно се согласи на преговори за да обезбеди гласови за реизбор.


Пуџдемон, пратеник во Европскиот парламент, сака да ја одвои Каталонија од Шпанија, а Санчез сака да го спречи тоа и да го смири конфликтот преку дијалог и отстапки. јт/Фото: ЕПА .

Извор: МИА