Breaking News

Шпанија повикува на свикување меѓународна мировна конференција за израелско-палестинскиот конфликт


Постојаниот претставник на Шпанија во Обединетите нации во Женева, Аурора Дијаз-Рато Ревуелте денеска повика на свикување меѓународна мировна конференција за израелско-палестинскиот конфликт без натамошно одложување.


Таа ја упати поканата за време на говорот на Интерактивниот дијалог за состојбата на човековите права на окупираната палестинска територија на 55-тата седница на Советот за човекови права во Женева.


Дијаз-Рато рече дека таква конференција треба да се свика „што е можно поскоро“.

Таа изрази поддршка за работата на агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА додека некои земји го прекинаа своето финансирање на агенцијата по израелските тврдења дека дел од персоналот на УНРВА бил вклучен во прекуграничниот напад на палестинската група Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.


 Таа, исто така, го повтори повикот на Шпанија за итен и траен прекин на огнот, како и поддршката на Мадрид на решението за две држави. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА