Breaking News

Шпанија: Десничарската Партидо Популарно нема да се спротивстави на помилување за Пуџдемон, но под услов


– Шпанската десничарска опозициска партија, Партидо Популарно, соопшти дека ќе ја разгледа можноста за помилување на поранешниот каталонски претседател и сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон, доколку тој се согласи да му се суди, да ја отслужи казната, да се откаже од распишување референдум за самоопределување и да се откаже од плановите за прогласување „независност“ на регионот.


Лидерот на партијата Алберто Нуњез Фехо рече дека помилувањето може да биде на план, за време на говорот на митинг пред регионалните избори во Галиција, кои ќе се одржат на 18 февруари, пренесува Euractive.


Како што објасни Фехо, минималните услови за ПП да не се противи на законот за амнестија, помилувањето на сепаратистичките лидери или кое било друго прашање, се да нема неказнивост и каталонското сепаратистичко движење мора да се откаже од едностраните дејствија, прогласувањето независност и нелегитимните референдуми.

ПП и екстремно десничарската партија ВОКС, третата по големина сила во парламентот, го сметаат за неуставен идниот Закон за амнестија за кој во моментов се расправа во Собранието.


ПП победи на предвремените општи избори на 23 јули, иако не го доби потребното мнозинство за владеење, по што Санчез, чија партија беше втора на изборите, ја искористи шансата да формира влада за која преговараше со каталонските сепаратистички сили ЈкКат и ЕРЦ (моментално во регионалната влада), и со баскиските партии ПНВ и ЕХ-Билду за независност.

јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА