Breaking News

Шолц го осуди нападот со молотови коктели врз синагога во Берлин


Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди денешниот напад со молотови коктели врз синагога во Берлин, нагласувајќи дека Германија никогаш нема да прифати напади врз еврејските институции.


Шолц, кој разговараше со новинарите за време на посетата на Египет, рече дека Германија нема да прифати насилни и антисемитски протести и дека заштитата на еврејските институции дополнително ќе се зајакне.


„Лично сум згрозен од она што некои од нив викаат и прават, и убеден сум дека германските граѓани го имаат истото мислење како мене“, рече тој. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА