Breaking News

Шојгу нареди на бродовите на Црноморската флота да се вгради дополнително вооружување


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во текот на инспекцијата на руските сили стационирани во Јужниот воен округ, нареди на воените бродови на Црноморската флота да се вгради дополнително вооружување за одбрана од напади на непријателски беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.


„Рускиот министер за одбрана нареди на бродовите да се вгради дополнително вооружување и да се зголеми огнената моќ, вклучително и митралези со голем калибар кои можат ефикасно да се користат во случај на напади на непријателски беспилотни летала“, се вели во соопштението на Министерството.


Шојгу, исто така, издаде наредба деноноќно да се спроведува обука на персоналот на Црноморската флота за одбивање воздушни напади и напади на моторни чамци без екипаж и апелираше да се унапредат безбедносните услови за бродовите на Црноморската флота.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА