Breaking News

Шмит изрази благодарност по најавата за препорака од Еврокомисијата за почеток на преговори со БиХ


По повод веста дека БиХ ќе добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ, задоволство изрази и високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит.


„Благодарен сум за најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека ЕУ препорачува отворање на пристапни преговори со Босна и Херцеговина.


Ова е можен почеток на процес кој е клучен за иднината и просперитетот на Босна и Херцеговина во семејството на ЕУ.

Ќе дадам целосна поддршка и соработка во согласност со Дејтонскиот мандат“, напиша на Икс високиот претставник Кристијан Шмит. ссм/ .


Извор: МИА