Шилегов: Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација, Арсовска да поднесе оставка


Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и побара градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.


 – Почитувана Арсовска, заминете си! Поднесете оставка!  Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано.


(Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа), напиша Шилегов на Фејсбук.

Шилегов предлага на пролет да има избори и во Скопје.  – Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има.


И заради Градот во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град.

И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!! За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот.


Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …, напиша Шилегов на Фејсбук. мд/дма/Фото: МИА архива      .

Извор: МИА