Шефот на суданската армија подготвен за мировни преговори со бунтовниците


– Шефот на суданската армија Абдел Фатах ал-Бурхан изјави дека е подготвен да разговара со командантот на бунтовничките Сили за брза поддршка (РСФ), Мохамед Хамдан Дагал.


Тие ги предводат конфликтните сили во Судан, а од април во ескалацијата на насилството, според Обединетите нации, загинале повеќе од 5. 000 луѓе, јави Би-Би-Си.


Генералот Бурхан, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година, во интервју за Би-Би-Си за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк негираше дека неговата армија убива цивили.

ОН и другите меѓународни организации тврдат дека двете страни неселективно напаѓаат цивили и цивилната инфраструктура.


Тој рече дека е уверен во победа, но призна дека бил принуден да го пресели своето седиште во Порт Судан бидејќи борбите во главниот град Картум оневозможиле владата да продолжи да функционира.

јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА