Шефот на МААЕ пристигна во Украина за да го истражи спорот околу договорите за нуклеарната централа Запорожје


Околу стотина од илјадниците украински вработени во нуклеарната централа Запорожје во Украина, окупирана од Русија, одбиваат да потпишат договори со руската државна корпорација за нуклеарна енергија Росатом, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси.


Во интервју за „Радио Франс интернешнл“, Гроси рече дека утре, при пристигнувањето на локацијата, ќе го истражи влијанието на инцидентот врз тамошните операции.


Според МААЕ, електраната соопшти дека повеќе нема да овозможува пристап на оние кои одбија да потпишат договор.

Во меѓувреме, Гроси на социјалната мрежа Х објави дека веќе пристигнал во Украина и се сретнал со украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко и со други високи претставници на секторот.


Подоцна денеска, генералниот директор на МААЕ ќе одржи прес-конференција во главниот град на Украина, Киев, по што ќе се упати кон нуклеарната централа Запорожје, се вели во соопштението на агенцијата со седиште во Виена.

ссм/фото: принтскрик Икс .


Извор: МИА