Breaking News

Шаќири: Kонтинуиран раст на платите во образованието и науката, ја зголемуваме мотивацијата за работа кај кадарот


Платите во образованието и науката континуирано се зголемуваат.


Тоа е една од компонентите на нашиот план за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, затоа што од задоволството и мотивацијата на вработените во овие области, најмногу зависат постигнатите резултати, а тие се огледуваат преку знаењето на новите генерации, креирањето  иновации и научни достигнувања, објави министерот за образование и наука Јетон Шаќири на својот фејсбук-профил.


Тој објави  компаративни податоци за платите во образованието и науката од 2016 и 2023 година  кои, како што наведува, во просек се зголемени за околу 40 проценти.

 Наставник во основно образование во 2016 година имал нето плата од 20. 300 денари, додека во 2023 година добива 29. 250 денари, односно зголемувањето е за 44 отсто.


Професор во средно образование добивал 21. 500 денари, објавува Шаќири, а сега нето платата е зголемена за 42 отсто, односно е  30. 400 денари.

Во високото образование, пак, професорите добиле зголемување на нето платата за речиси 50 проценти, односно од 34. 350 денари пред седум години, сега, посочува министерот, таа изнесува 51. 400 денари.


Научните советници во јавните научни установи сега имаат нето плата од 45. 000 денари, а во 2016 година таа изнесувала 34. 450, што е зголемување за 30 отсто.

-Шаќири изразува задоволство што најголемото покачување на платите во образованието и науката се случи токму во периодот откако тој е назначен за министер во овој ресор и тоа за 18 отсто во 2022 и 2023 година.


Уверува дека оваа политика за подигување на дигнитетот на наставничката професија во општеството, односно грижата за достоинствено вреднување на трудот, желбата и посветеноста на наставниот кадар, ќе продолжи и понатаму, отворајќи притоа и многу нови можности за кариерен и професионален развој, информира Министерството за образование и наука.

хс/са/Фото: МОН  .

Извор: МИА