Breaking News

Сежурне: Треба да се изврши притисок врз Израел, а можни се и санкции, со цел да испорача помош за Газа


Шефот на француската дипломатија Стефан Сежурне денеска рече дека треба да се изврши притисок, а можно е и да се воведат санкции врз Израел за да се принуди израелското раководство да ги отвори граничните премини и да достави хуманитарна помош во Појасот Газа.


„Мора да има лостови на моќ, а има многу што одат до санкции, за да добијат хуманитарна помош преку тие премини“, изјави Сежурне за радиото РФИ и телевизијата Франс 24.


Тој се пофали дека „Франција е една од првите земји што предложи санкции од ЕУ против израелските доселеници кои прибегнуваат кон насилство на Западниот Брег“.

Според Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, 33.


207 луѓе загинале во шестмесечната војна, оставајќи ги повеќето од 2,3 милиони без покрив над главата, а многумина се изложени на ризик од глад. На 7 октомври Хамас го нападна јужен Израел и уби 1.

200 луѓе на музички фестивал, што предизвика војна која трае веќе шест месеци. паг/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА