Breaking News

Северна Македонија го презеде од Црна Гора претседавањето со Транспортната заедница


Северна Македонија денеска од Црна Гора го презеде претседавањето со Транспортната заедница и во следната година ќе биде домаќин на активности и настани кои ќе придонесат за усогласување со транспортните политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија.


Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, министерот Бочварски и заменик претседателот на Владата на Црна Гора и министер за капитални инвестиции Ерван Ибрахимовиќ, во присуство на Матеј Закоњшек, претседател на Секретаријатот на Транспортната заедница, извршија примопредавање на претседавањето и во тој контекст ја потенцираа улогата на Секретаријатот на Транспортната заедница во евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан како стратешки цели.


-Евидентни се резултатите од напорите на претседавањето на Црна Гора, а особено е значаен моментот на завршување на процесот за ревизија на транспортните мрежи во регионот на Западен Балкан со што нашиот Коридор 8 стана дел од Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори.

Во текот на нашето претседателство со Транспортната заедница ќе продолжиме со активностите кои се важни за целиот регион, кои ги содржат активностите за реформските мерки за поврзаност, како составен дел на Агендата за поврзаност.


Како еден од приоритетите со претседавањето, а со цел подигнување на нивото на соработка, ќе реализираме низа активности со кои ќе ја засилиме регионалната соработка, истакна министерот Бочварски.

Верува, како што рече, дека Транспортна заедница на подолг рок ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата.


Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Ерван Ибрахимовиќ, истакна дека годината на претседавање на Црна Гора со работата на Транспортната заедница била плодна и полна со предизвици.

-Реализиравме бројни активности и можеме да потврдиме дека беше успешна година.


Од друга страна, бевме исполнети со предизвик во геополитичка смисла, па посебно ме радува фактот што во претседавањето на Црна Гора дојде до приближување на Грузија, Укарина и Молдавија и цврсто верувам дека со нивниот ангажман ќе додадеме нов квалитет во работата бидејќи ќе се овозможи дополнителна размена на знаење и искуства.

Ова е порака која Црна Гора сака да ја упати во светот, а тоа е заедничката соработка на патот на развојот, истакна Ибрахимовиќ.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, директорот на Транспортната заедница, Матеј Законњшек, истакна дека за време на македонското претседавање се очекува со несмален интензитет да продолжи соработката на регионално ниво и ЕУ, на сите клучни чинителни во транспортниот сектор, со фокус на усоласување на транспортните политики со законодавството на ЕУ како и координацијата во однос на инвестициите во подобрување на транспортната инфраструктура.

-Република Северна Македонија како земја низ која поминуаат два главни транспортни коридора, Коридорот 8 и Коридорот 10, има огромен потенцијал да стане главна транспортна крстосница во регионот.

Крајна цел остануватранспортниот сектор на Западен Балкан да биде целосно интегриран во транспортниот пазар на ЕУ, рече Законњшек. хс/нд/Фото: Министерството за транспорт и врски  .

Извор: МИА