Breaking News

Северна Кореја истрела повеќе од 60 артилериски гранати долж спорната поморска граница со Јужна Кореја


Северна Кореја денеска истрела повеќе од 60 артилериски гранати од територија во близина на спорната поморска граница со Јужна Кореја, објавија јужнокорејските вооружени сили,Пјонгјанг и вчера истрела повеќе од 200 проектили во истата област во Жолтото Море, во близина на островите Јеонпјеонг и Бенјон.


Артилеријата била насочена кон северозападниот дел на островот Јеонпјеонг, а пукањето се случило денеска меѓу 16:00 и 17:00 часот по локално време, соопшти началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените силите на Јужна Кореја.


Во соопштението се „повикува“ Северна Кореја да престане да презема активности кои го загрозуваат мирот на Корејскиот полуостров и ги зголемуваат тензиите. са/Фото: МИА аргива  .

Извор: МИА