Breaking News

Сесија за размена на искуства на ОН со младински професионалци за животна средина во Северна Македонија


  Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) денеска организира сесија за размена на искуства на ОН со младински професионалци за животна средина во Северна Македонија и регионална младинска соработка, која ќе се одржи во „Нетавил“ во Скопје, од 16.


30 до 17. 30 часот.


На сесијата воведни обраќања ќе имаат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, постојаниот претставник на ОН во Северна Македонија Росана Дуџијак, заменик на генералниот секретар на ОН и извршен директор на УНЕП Ингер Андерсен, како и Владимир Ѓорѓијевски од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), подружница во државава.

Дополнително, пред младите ќе се обрати и Карлос Бараган, раководител за човечки ресурси на УНЕП кој ќе зборува за можности за вработување на млади професионалци.


– Средбата е организирана со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), локална подружница Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање и е можност за споделување можности што RYCO им ги нуди на младите за регионална соработка, личен и професионален развој, велат од УНЕП.

ир/лв/ Фото: Веб-страница на УНЕП .


Извор: МИА