Breaking News

Сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка


Пред Клубот на истражувачите на Народна банка денеска на 47.


сесија ќе биде презентиран трудот „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска.


 По презентирањето на трудовите, како што најавија од Народна банка, e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.


Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.


Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. са/ .

Извор: МИА