Breaking News

Седум судии избрани за претседатели на судови потпишаа свечени изјави во Судски совет 


Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава.


Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје – Бесник Авдија, Основниот суд Битола – Татјана Петровска, Основниот суд Неготино – Билјана Толова, Основниот суд Кичево – Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка – Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп – Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип – Ацо Тасев кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови.


Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в. д. претседатели на конкретните судови. ар/бак/Фото: МИА .

Извор: МИА