Breaking News

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат три собраниски комисии.


На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-измените на Законот за стокови резерви кои се по скратена постапка, додека Комисијата за европски прашања треба да расправа по Предлог-законот за вино, како и за Предлог-измените на Законот за енергетска ефикасност и Законот за авторско право и сродни права.


 Сите овие законски решенија се на дневен ред на Законодавно-правната комисија. бак/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА