Breaking News

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.


Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе дискутираат за Утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонијa по Огласот за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на РСМ” број 27/2022 и Утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по Огласот за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на РСМ” број 154/2022.


На дневен ред на двете седници на Комисијата за финансирање и буџет е Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година и Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2021 година.

Пред Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, пак, за разгледување и усвојување е Информацијата за работењето на Оперативно-техничката агенција.


фф/лв/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА