Breaking News

Седница на Уставен суд


Скопје, 12 април 2023 (МИА) – На дневен ред на денешната седница на Уставниот суд се пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и предлог за одлучување по нацрт-одлука.


Пред уставните судии ќе се најдат иницијативите поднесена на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје. Подносители на инцијативите се Светски Македонски Конгрес преку претседателот Тодор Петров и Политичка партија „Левица“ преку претседателот проф. д-р Димитар Апасиев.
На дневен ред меѓу другите точки се и оспорените одредба на член 6 став 3 од Законот за судските такси, на членот 152 став 1 точка 2) во делот „став (4)” од Законот за градење, како и барањето за Заштита на слободите и правата што се однесуваат на дискриминација по основ на социјална припадност, поради невакцинираност, кршење на правото на слобода на совеста и уверувањето во штетноста на вакцините. дма/са/


Фото: МИА архива