Breaking News

Седница на собраниската Законодавно правната комисија


Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно правната комисија.


Членовите на Комисијата ќе дискутираат по повеќе предлог-законски решенија како што се Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, Предлог законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог законот за Канцеларија за поврат на имот, Предлог законот за финансиски инструменти, како и Предлог на законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност.


На дневен ред се и Предлог на законот за виното, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторско право и сродните права, Предлог на законот за правда на децата, сите во прво читање, како и Предлог измените на Законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на законот за рибарство и аквакултура и Предлог измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите по скратена постапка.

фф/бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА