Breaking News

Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за труд и социјална политика.


 На дневен ред се два закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за регистар на задолжително социјално осигурување и Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост.


Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, во второ читање, како и годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2022 година и Финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022година ревидирана од овластен ревизор.

ев/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА