Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку платформата „Зум“ ќе ја одржи 83-та седница.


На дневен ред, како што соопшти ДКСК, се Годишниот извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.


На дневен ред е и Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотна состојба и интереси и за пријавување промена во имотната состојба и интереси.

Членовите на ДКСК ќе информираат и за постапување по конкретни предмети. мд/


Фото: МИА архива

Скопје, 30 март 2023 (МИА)