Breaking News

Се уште активни пожарите на Жеден и на Шар Планина


Во последното деноноќие се регистрирани 17 пожари на отворено. Горела нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери, соопшти ЦУК.


Од 17-те пожари на отворено, се уште се активни два – на Шар Планина и на планината Жеден. Во ЦУК во 06.


05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува.

Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.


Од Национален парк „Шар Планина“ известуваат дека утрово ќе одат на терен да ја видат состојбата со пожарот над село Вешала и ќе известат за ситуацијата.

Во текот на вчерашниот ден, согласно теренот и условите, екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во негово гаснење.


Од ЦУК повторно аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА