Breaking News

Се урна таван на поранешен манастир во Пистоја, каде се одржувала свадбена прослава, 35 лица се повредени


Триесет и пет лица се повредени, од кои пет се здобиле со сериозни повреди, кога се урна таван на свадбена прослава во поранешен манастир во градот Пистоја, во италијанскиот регион Тоскана, пренесуваат италијански медиуми.


На свадбената прослава имаше повеќе од 60 луѓе, а таванот се урна во доцните часови додека гостите танцуваа, пренесува АНСА.


Централната здравствена управа на Тоскана потврди дека 12 повредени биле транспортирани во болницата „Сан Џакопо“ во Пистоја и останатите во болниците во Лука, Пеша, Прато, Кареџи и Торегали.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА