Breaking News

Се реконструира штипската улица „Мирче Ацев“


Почна реконструкција на улицата „Мирче Ацев“ во Штип, една од главните улици која води до болницата и средното медицинско училиште „Јане Сандански“.


Увид во градежните активности денеска изврши градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој посочи дека најпрво ќе се започне со третирање на тортоарските површини за безбедност на пешаците, со поставување на столпчиња, обезбедување на паркинг место, а потоа и асфалтирање на дел од оштетената улица.


– Се наоѓаме на улица „Мирче Ацев“, која води до СОУ „Јане Сандански“, една фреквента улица со многу движење која што досега не беше уредена, започнуваме со третирање на тортоарските површини за да обезбедиме безбедно движење на пешаците.

Веднаш е планирано и обезбедување на простор за паркирање на возилата на жителите од оваа улица и оградување на тортоарите со заштитни столбчиња за безбедно движење на ученицте.


Паралено на оваа ќе се асфалтираат делови кои се оштетени,  вели Јорданов.

За реконтрукција на улицата од буџетот се предвидени помалку од еден милион денари, а по барање на граѓаните во наредните месеци е планирано и изградба на парк со различни содржини.


-Но, паралелно на ова за оваа населба е планирано, исто така во наредните месеци да се започне со изградба на парк кој е барање на жителите на улицата со различни содржини.

Вкупната инвестиција на тортоарската површина која што ќе се третира во наредната недела е нешто помалку од еден милион денари, а другите активности кои ќе се реализираат веднаш по завршувањето на уредувањето, дополнително ќе ги знаеме износите со завршувањето на тендерските постапки, вели Јорданов.


Тој најави дека во текот на пролетта се планира урбанизирање на целиот град со реконструкција и третирање на улиците и тортоарите. вдј/мд/Фото: МИА     .

Извор: МИА