Breaking News

Се одбележува Меѓународниот ден на човековите права, панел дискусија за улогата на помалубројните заедници


– По повод усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, денеска низ целиот свет се одбележува Меѓународниот Ден на човековите права.


Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ по повод овој ден, денеска во Скопје организира панел-дискусија „Улогата на помалкубројните заедници во развојот на Република Северна Македонија“.


 Поздравен говор на настанот ќе има претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, директорот на АОПЗ, Еран Куртиш, пратеничката Арбана Пашоли, заменик-министерот за политички систем и односи помеѓу заедниците и Џабир Доко, националниот координатор за едно општество, Роберт Алаѓозовски.

Модератор е Џелал Хоџиќ, заменик-директор на АОП.


Декларацијата која е создадена во периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и неговите два факултативни протоколи.

Во 1966 година донесени се два детални пакта од Генералното собрание, кои ја комплетираат Меѓународната повелба за човекови права во 1976 година, со што Повелбата станува меѓународен закон, а денот на донесувањето на Декларацијата се воспоставува како ден со кој ќе се одбележуваат човековите права на глобално ниво.


Според декларацијата „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст“.

Ситe прaвa и слoбoди нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja им припaѓaaт нa ситe луѓe, бeз oглeд нa нивнитe рaзлики, кaкo штo сe: рaсa, бoja, пoл, jaзик, рeлигиja, пoлитичкo или другo убeдувaњe, нaциoнaлнo или oпштeствeнo пoтeклo, сoпствeнoст, рaѓaњe, или друг стaтус.


Нaтaму, нeмa дa сe зeмa прeдвид пoлитичкиoт, прaвниoт или мeѓунaрoдниoт стaтус нa зeмjaтa или тeритoриjaтa нa кoja и припaѓa лицeтo, бeз рaзликa дaли зeмjaтa e нeзaвиснa, пoд стaрaтeлствo, бeз сaмoупрaвнa влaст или пoд кaкoв и дa e друг oблик нa oгрaничувaњe нa нejзиниoт сувeрeнитeт.

ар/ев/Фото: МИА архива .

Извор: МИА