Breaking News

Се очекува во Каиро да продолжат разговорите за прекин на огнот во Газа


Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа се очекува да продолжат во текот на викендот во Каиро, пренесуваат странските агенции.


„Американскиот претседател Џо Бајден денеска им пиша на египетскиот претседател и на емирот на Катар за да ги информира за напредокот на преговорите и да побара од нив да го натераат Хамас да се обврзе да прифати договор и да го почитува“, изјави висок претставник на американската влада.


Како што е наведено, шефот на ЦИА Бил Барнс ќе пристигне во главниот град на Египет на дополнителни разговори.

Барнс ќе се сретне со шефот на Мосад, Дејвид Барнеа и со претставници на Египет и Катар, двете земји посредници меѓу Израел и Хамас, објави Њујорк Тајмс.


Преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држеше палестинското исламистичко движење се во застој.

Во телефонскиот разговор во четвртокот, Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да постигне итен договор за примирје во услови на зголемен меѓународен притисок врз Израел поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Појасот Газа.


Утре се навршува половина година од почетокот на војната која започна со ненадејниот напад на Хамас во Израел на 7 октомври, во кој беа убиени 1. 170 луѓе.

Покрај тоа, борците на палестинското исламистичко движење земаа над 250 заложници во Газа, од кои 130 се во заробеништво, а 34 од нив израелската армија ги смета за мртви.


За време на израелската воена операција во Газа, според локалните власти контролирани од Хамас, загинале над 33. 000 луѓе. паг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА