Breaking News

Се гради нов спортско-рекреативен центар во Дупки во Драчево


Се гради нов спортско-рекреативен центар во местото Дупки во Драчево.


Предвидени се фудбалско, кошаркарско, одбојкарско, тениско игралиште и фитнес зона, кои ќе бидат опремени со спортски реквизити, урбана опрема и осветлување.


До нив ќе води пристапна улица, а во непосредна близина ќе се изгради и паркинг простор.

Општина Кисела Вода информира дека за две години ова е дванаесеттиот спортско-рекреативен центар, кој по завршувањето на градежните активности, на љубителите на спортот ќе им нуди бројни содржини.


Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности.

 – Местото викано Дупки во Драчево наскоро ќе биде собирно место за спортски натпревари во сите дисциплини, бидејќи тука градиме спортски комплекс кој ќе нуди фудбалско, кошаркарско одбојкарско, тениско игралиште и фитнес зона.


Ќе бидат изведени согласно сите стандарди. На фудбалското игралиште ќе има вештачка трева, додека кошаркарското, тениското и одбојкарското ќе имаат акрилна подлога.

Секако, ќе поставиме и спортски реквизити и урбана опрема, терените ќе ги осветлиме и ќе ги издвоиме со ограда, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.


Додаде дека се гради пристапна улица и паркинг простор. мд/нд/Фото: Општина Кисела Вода  .

Извор: МИА