Breaking News

Се чека Владата да одобри закуп на земјиштето, по што ќе почне инвестицијата за електрични автомобили во Тетово


По 11 месеци разговори, компанијата која планира инвестиција за електрични автомобили во Тетово потпиша договор со три домашни градежни фирми за изградба на објектот.


Моментно се чека Владата да даде согласност на договорот за закуп на земјиште, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.


Како што оцени Деспотовски, работите течат, но не со посакуваната динамика. -Во моментот „топката“ е кај Владата. Очекуваме согласност за давање на земјиштето под закуп во наредните неколку недели.

Веднаш потоа обврската ќе биде наша, на Дирекцијата, соодветно да го подготвиме земјиштето. Теренот, целата зона таму, е под ризик од поплава. Работите се движат, но не со посакуваната динамика.


Подготвителните работи се веќе завршени, имаше тестирање на земјиштето.

Практично, работите се почнати, но, сепак, кога ќе видиме багери и градежни машини на локацијата, тогаш можеме да кажеме, да, активностите почнаа, потенцира Деспотовски.


Владата пред една година со „Некст. Е. ГО Мобиле“ потпиша договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e. GO во ТИРЗ Тетово.

мч/нд/фото: МИА и МИА архива .


Извор: МИА