Breaking News

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на законот за продажба на станови во државна сопственост


Пратеничката група на СДСМ бара да се одблокира процедурата за законот за продажба на станови во државна сопственост,  што ја прави, како што рече на прес-конференција пратеничката Даниела Марковска, претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски.


Марковска истакна дека законот е пуштен во собраниска процедура уште на 6 јули 2021 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Стојаноски ја блокира процедурата во Комисијата за финансирање и буџет.


-ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби, рече Марковска.

Со овој закон, појасни таа, се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбен прашање.


-Ете како ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада постојано работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР.

Јавно го повикуваме ДПМНЕ и Бојан Стојановски да ја прекинат блокадата и во интерес на овие луѓе да продолжи постапката и законот да биде донесен, рече пратеничката Марковска. фф/лв/Фото: МИА .


Извор: МИА