Breaking News

СДСМ: Сите пратеници да дадат поддршка на уставни измени за да се забрза процесот на интеграција во ЕУ


Денеска во македонското Собрание започнува процедурата за предлог измените на Уставот.


Во предложените уставни измени јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ.


Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ.

Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание.


Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години.

Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, туку низ отворена, аргументирана дебата, измените на Уставот да бидат усвоени.


Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина.

Извор: МИА