Breaking News

СДСМ: Седницата за уставни ќе покаже кој е за, а кој против ЕУ


Момент за вистината, седницата за уставни ќе покаже кој е за, а кој против ЕУ. Повеќе нема простор за Христијан Мицкоски и неговите манипулации пред јавноста.


Денешната седница во Собранието на која ќе се расправа за уставните измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ, се наведуваат од СДСМ пред парламентарната седница на која ќе се расправа за промена на Уставот.


.

Со уставните измени, посочуваат од СДСМ, се зајакнува мултиетничкиот карактер и македонскиот идентитет, затоа што македонскиот јазик е признаен во ЕУ и со преговарачката рамка и поради дефиницијата за македонската посебност.


Измените на Уставот се потребни за да продолжи нашиот евроинтегративен процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори.

– Но, Мицкоски со голема леснотија кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски.


Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица.

Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ, стои во соопштението од СДСМ.


/Фото: МИА архива .

Извор: МИА