Breaking News

СДСМ: Политиките на Мицкоски против Европа ќе се покажат како погубни за ДПМНЕ


За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.


Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен.


Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

Неговата политика против Европа ќе се покаже како катастрофална за неговата партија и за него.


СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел, членство во ЕУ.

Извор: МИА