Breaking News

Саудиска Арабија го испрати во Египет својот 37-ми авион со хуманитарна помош за Палестинците во Газа


Саудиска Арабија го испрати во Египет својот 37-ми авион со хуманитарна помош, кој треба да стигне до Палестинците во Појасот Газа, објави саудиската агенција СПА.


Авионот е во сопственост на Центарот на саудискиот крал Салман за хуманитарна помош. Пратката, која се состои од храна, опрема за засолништа и медицински материјали, тежи 23 тони.


Поддршката е дадена по повод историската улога на Саудиска Арабија во поддршката на палестинскиот народ во кризна ситуација. паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА