Сарацин за ABC News: Патот на Курти во дијалогот не е добар за долгорочниот интерес на Косово


– Специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, за албанската ABC News ги коментирал проблемите со кои се соочуваат земјите од регионот, како што е дијалогот меѓу Косово и Србија, за кој побарал повеќе политичка волја, а страните да преземат конкретни активности, бидејќи според него не е должност на Европската унија да биде арбитер.


Додал дека Србија треба да тргне на патот кон ЕУ и побарал од Белград да воведе санкции кон Русија.


За односите на Курти со меѓународната заедница, Сарацин оценил дека „не е во долгорочен интерес на Косово да ги загуби можностите кон ЕУ“.

-Патот по кој чекори владата на господинот Курти во дијалогот, се плашам дека тоа долгорочно можеби не е добро и не е во интерес на Косово, за приближување кон Европската Унија.


Се плашам дека тоа може да води повеќе во насока на самодоверба и губење на можностите да се оди кон Европската унија, оценува тој.

Го коментирал и Самитот одржан во Тирана и повикал „да не се користи минатото за зголемување на националистичките чувства“, туку земјите од Западен Балкан да работат заедно за да се придвижат кон Европската унија.


-Мислам дека не треба да ја потцениме оваа општа идеја на самитот, кој беше организиран за да покаже дека Молдавија, Украина и земјите од Западен Балкан се заедно и оти заедно можат да постигнат многу и треба да се гледаат позитивно.

Знаете дека секој чекор преземен од една од овие земји ќе им помогне и на другите. Ова е многу позитивно, оценува Сарацин.


Посочил дека она што го почувствувал како атмосфера меѓу лидерите, било многу важно.

-Понатаму, Тирана даде можност за билатерална средба на претседателите, украинскиот Володимир Зеленски и српскиот Александар Вучиќ, што секако има некои цели, кои знаете, можеби дури и корисни за српската страна, но во целина, тоа несомнено е добра фаза, изјавил специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, за албанската ABC News.

вт/Фото: Принтскрин .

Извор: МИА