Breaking News

Санкционирани 48 возачи под дејство на алкохол на територијата СВР Битола


На територија на СВР Битола во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 48 возачи.


Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево,а за време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци, информираат од МВР.


Од МВР посочуваат дека  сообраќајните  контроли продолжуваат и во наредните денови а апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.  љм/вг/Фото: МВР  .

Извор: МИА