Breaking News

Санкционирани 148 возачи во Скопје, 31 за брзо возење


На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.


– Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло. . .


, се додава во соопштението на МВР. Како што се наведува, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/са/Фото: Архива .


Извор: МИА