Breaking News

Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми, недостига здравствена култура и во урбаните центри


– Во реалноста постојат гинеколошки скрининг програми што одамна се етаблирани на хартија, но опфатот на пациентките со нив е многу мал, односно само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните прегледи.


Одѕивот е минимален во руралните средини, но и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура, истакнуваат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.


По повод Светскиот ден на свесноста за гинеколошките карциноми вечерва Асоцијацијата ќе организира јавна дебата за подигање на јавната свест за неопходноста од редовни прегледи.

– Дебатата е на тема како да се премостат предизвиците во дијагнозата и лекувањето на гинеколошките карциноми, каде сме сега и каде се движиме.


Целта е да ги споиме сите институции кои се релевантни во однос на она што се случува со превенцијата, раното откривање и терапијата на гинеколошките карциноми.

Ќе бидат присутни претставници од Министерствотот за здравство, Фондот за здравствено осигурување, од Мој термин кој се вклучува со платформата скрининг.


мк, потоа експерти од гинеколошка онкологија, од Клиниката за онкологија  и претставници од граѓански здруженија, истакна Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Според честотата, односно инциденцата, кај нас најчести се ракот на грлото на матката, на ендометриумот, односно на внатрешната лигавица и ракот на јајникот.


Беше нагласено дека освен подигањето на свеста, неопходно е да има и организиран скрининг со голема покриеност на женската популација.

-Од 2015 година се менуваат протоколите како се изведува скринингот, а има насоки и од Светската здравствена органзиација, дека треба да се премине од Папаниколау брисот на ХПВ тест како примарен скрининг.

Тој е со поголем кост бенефит и е многу сензитивен, а е во блиска специфичност со Папаниколау, за кој има научни трудови што го означуват дека е трагедија, а некогаш бил триумф, истакна Горан Димитров, претседател на Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво.

Од Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина-М истакнаа дека според смртноста, ракот на грлото на матката е четвртиот предизвикувач во однос на сите други карциноми, поради што неопходно е да се подига јавната свест за превентивни лекарски прегледи.

Јавната дебата што ја организира Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари ќе се одржи денеска од 18 часот, во просториите на Општина Центар – старо матично. та/лв/фото: МИА .

Извор: МИА