Саем „Начини на добро ментално здравје“


Во организација на Националниот младински совет на Македонија-НМСМ и Министерството за труд и социјална политика  денеска во 13 часот во просториите на Студентскиот културен центар-Скопје ќе се одржи Саем на тема „Начини до добро ментално здравје“.


Поздравни обраќања ќе имаат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на НМСМ, Филип Ивковски.


Во рамки на настанот предвидени се Интерактивна работилница за истакнување на потребата од грижата за менталното здравје, презентација на Националната стратегија за ментално здравје за млади 2024 – 2026, која беше усвоена од Владата минатата недела, како и Саем за ментално здравје, на кој преку катчиња присутните ќе можат да ги искусат услугите за ментално здравје кои им се достапни на младите.

Организаторите велат дека целта на саемот е да помогне за подобрување на менталното здравје, посебно на младите. ад/са/Фото: Плакат .


Извор: МИА