Breaking News

САД: Жена убиена откако отворила оган во црква


– Две лица се ранети, меѓу кои и едно петгодишно дете, кое е во критична состојба, откако жена облечена во мантил отворила оган од пиштол во голема црква на ТВ ѕвездата-проповедник Џоел Остин во Тексас.


Повредени се петгодишно дете и 57-годишен маж. Детето било пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна состојба откако бил погоден во колкот.


Двајца полицајци, кои не биле на должност, а работеле како обезбедување во црквата, одговориле на пукањето и ја убиле жената напаѓач.

Инцидентот се случил вчера кусо пред 14 часот во градот Хјустон, кога жена влегла во големата црква Лејквуд, која може да прими 16. 000 луѓе.


Деталите за нападот во црквата се нејасни, а полицијата не го соопштува идентитетот на жената напаѓач ниту евентуалниот мотив.

Шефот на полицијата во Хјустон, Трој Фајнер, изјави дека „трагедијата можеше да биде многу полоша“ доколку двајцата полицајци не и се спротивставиле на жената. јт/Фото: Јутјуб скриншот .


Извор: МИА