Breaking News

САД започнаа операција против кинески хакери


Американската влада  во изминативе месеци извршува операција за борба против продорната кинеска хакерска мрежа што успешно компромитира илјадници уреди поврзани на интернет, изјавија западни безбедносни претставници.


Американското Министерство за правда и Федералното биро за истраги (ФБИ) побараа и добија законско овластување за далечинско оневозможување на аспектите на кинеската хакерска кампања, изјавија извори за американски медиуми.


Позната како Volt Typhoon, кибер активноста ги вознемири разузнавачите кои велат дека тоа е дел од поголемите напори да се загрози критичната западна инфраструктура, вклучувајќи ги поморските пристаништа, давателите на интернет услуги и комуналните услуги.

Таквите прекршувања би можеле да и овозможат на Кина, велат експертите за национална безбедност, од далечина да ги попречи важните објекти во индо-пацифичкиот регион кои на некој начин ги поддржуваат или им служат воените операции на САД.


Портпаролот на американското Министерство за правда одби да коментира. Портпаролот на ФБИ и кинеската амбасада во Вашингтон не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Кога западните земји првпат предупредија за Volt Typhoon во мај, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека обвинувањата за хакирање се „колективна кампања за дезинформации“ од разузнавачката алијанса составена од САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Велика Британија.


зш/ .

Извор: МИА