Breaking News

САД воведоа санкции за поранешна државна обвинителка на БиХ и поранешниот директор на ОСА


  Стејт департментот соопшти дека се воведени санкции за поранешната државна обвинителка на БиХ, Дијана Кајмаковиќ, како и за Осман Мехмедагиќ, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА).


 За Кајмаковиќ Стејт департментот наведува дека има значителен удел во коруптивните активности – поддржувал дилери на дрога и други криминалци, помагајќи да се скријат доказите, да се спречи гонење и на други начини поддржувал криминални активности во замена за лична корист.


Исто така, се наведува дека таа се обидела да ја блокира истрагата за нејзините очигледни криминални соработници, меѓу кои и Осман Мехмедагиќ.

За Мехмедагиќ, Стејт департментот посочува дека соработувал со криминални мрежи и ја злоупотребил својата јавна положба за да стекне финансиска корист.


Кајмаковиќ и Мехмедагиќ веќе се на списокот за санкции на американското Министерство за финансии.

Кајмаковиќ е на црната листа на САД од септември 2022 година поради „поткопување на демократијата и владеењето на правото во Босна и Херцеговина“.


Мехмедагиќ е под санкции на САД од март годинава бидејќи, како што тогаш беше објавено, во службено својство на генерален директор на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ, ја злоупотребил телекомуникациската компанија БХ Телеком во корист на Партијата на Демократска акција (СДА).

зш/ .


Извор: МИА