САД со санкции против меѓународна мрежа на компании и лица поврзани со производство на ирански дронови


САД воведоа нови санкции против десет правни и четири физички лица од Иран, Малазија, Хонгконг и Индонезија, обвинети од Вашингтон за подршка на производството на ирански беспилотни летала.


 Ова го соопшти Министерството за финансии на САД од каде истакнаа дека производството на дронови од страна на Иран ги засилува тензиите и ги развлекува конфликтите.


 Мрежата од компании и лица е вклучена во набавки на делови вредни стотици илијади долари за организацијата Исламски џихад и за снабдување на воено-воздушните сили на Исламската револуционерна гарда, јавија од министерството.

 -Неприфатливото производството и распространување од страна на Иран на смртоносни беспилотни летала за терористичките сили на Блискиот исток под негова контрола и за Русија, продолжува да ги засилува тензиите и да ги развлекува конфликтите, поткопувајќи ја стабилноста, изјави Брајан Нелсон, заменик – министер за борба со тероризмот и финансиско  разузнавање.


 Вашингтон одамна го обвинува Техеран за снабдување на такво оружје за Русија која го користи во Украина. Иран негира дека ја снабдува Москва со беспилотни летала за војната во Украина. кб/рп/ .

Извор: МИА