Breaking News

САД со нови санкции против Русија


– САД денеска ќе воведат нови санкции против Русија во обид да ја одбележат втората годишнина од руската инвазија врз Украина, изјави заменикот-секретар за финансии на САД, Воли Адејемо.


Тој истакна дека со санкциите ќе бидат таргетирани 500 цели, односно цели кои треба да бидат предмет на санкции.


– Акцијата, преземена во партнерство со други земји, ќе ги таргетира руските воено-индустриски комплекси и компании во трети земји кои го олеснуваат пристапот на Русија до стоките што ги сака.

Ќе воведеме стотици санкции само овде во САД, но важно е да се запамети дека не е само Америка таа што презема акција, посочи Адејемо. ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА