Breaking News

САД, Јапонија, Австралија и Филипините утре ќе одржат заеднички поморски и воздушни вежби


Филипините, Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија денеска во заедничко соопштение најавија дека утре ќе спроведат поморски и воздушни вежби во Јужното Кинеско Море.


Вежбите ќе се одржат неколку дена пред самитот во Вашингтон на 11 април со учество на претседателите на САД и на Филипините, Џо Бајден и Фердинанд Маркос Јуниор и јапонскиот премиер Фумио Кишида.


Во соопштението се наведува дека маневрите ќе се одржат во ексклузивната економска зона на Филипините.

„Ова ќе ја покаже колективната посветеност на четирите сојузнички земји да ја зајакнат регионалната и меѓународната соработка за слободен и отворен Индиско-пацифички регион“, се наведува во соопштението.


Одбраната и вооружените сили на САД, Јапонија, Австралија и Филипините ќе спроведат заедничка поморска активност за поддршка на слободен и отворен Индиско-пацифички регион, објави претходно филипинското Министерство за национална одбрана.

паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА