Breaking News

САД изразија загриженост поради продлабоченото партнерство меѓу Русија и Кина


САД изразија загриженост по повод развојот на односите меѓу Русија и Кина, истакнувајќи дека тие одат во прилог на агресијата на Москва во Украина.


Изјавата доаѓа по информациите дека претсдателот на Русија Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг имаат закажано самит идниот месец во Кина.


– Јасно дадовме до знаење дека имаме резерви по повод ова партнерство меѓу Русија и Кина што ние сметаме дека е од големи размери, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Милер беше прашан што тој мисли за солидарноста меѓу Русија и Кина.


– Јасно дадовме до знаење дека не сакаме Кина на каков и да било начин да дава поддршка на руската агресија во Украина и ние и понатаму јасно ќе укажуваме на тоа, изјави Милер.

кб/паг/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА