САД го повикаа Иран да соработува со инспекторите на МААЕ


Соединетите Американски Држави денеска го повикаа Иран да соработува со инспекторите на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), додавајќи дека меѓународната заедница мора да размисли како да одговори на потезите на иранските власти.


МААЕ со години бара објаснување од официјален Техеран за потеклото на честичките на ураниум на непријавени локации, пренесува Ројтерс.


„Веруваме дека дојдовме до точка кога ние и меѓународната заедница мораме повторно да размислиме како да одговориме на продолжението на иранското одбивање да разговара“, наведоа САД во соопштение по состанокот на Одборот на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА