САД ги повикаа ирачките власти да ги заштитат американските сили на нивна територија од нападите на проиранските милитантни групи


– Американската војска денеска ја повика ирачката Влада да ги заштити американските војници во оваа земја и во Сирија, по неуспешните напади на проиранските милитантни групи врз американската воена база.


-Ја повикуваме ирачката Влада да ги преземе неопходните чекори за да ја осигура безбедноста на американските сили во Ирак и Сирија против нападите на овие групи.


Доколку овие напади продолжат, нема да се двоумиме да ги браниме нашите сили, како што правевме во минатото, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Нападите врз американските бази во претходните денови доаѓаат по повеќемесечна пауза, откако тројца американски војници беа убиени во Јордан во јануари. САД во Ирак имаат распоредено 2.


500 војници, а во источна Сирија уште 900. сд/фото:ЕПА .

Извор: МИА