Breaking News

Руски нафтен гигант ја тужи германската влада


Руската нафтена компанија „Роснефт“ поднесе тужба во германскиот Уставен суд против владата, поради воведувањето државна администрација во нејзината подружница, соопштија денеска адвокатите на компанијата.


Во септември минатата година, владата го презеде Роснефт Дојчланд, доверувајќи му го управувањето со своите рафинерии во Швед, Карлсруе и Вохбург на домашниот енергетски регулатор.


Во октомври Роснефт поднесе тужба. „Роснефт Дојчланд“ сочинува околу 12 отсто од германскиот капацитет за преработка на нафта и е меѓу најголемите рафинери.

Рафинеријата „Шведт“ без излез на море е четврта по големина во Германија, задоволува 90 отсто од побарувачката на гориво во Берлин и снабдува делови од Полска со деривати.


ЕУ воведе ембарго на руската нафта испорачана со брод, а Германија се обидуваше да најде други решенија за снабдување на рафинериите.

Владата ја бранеше одлуката за воведување државна администрација, тврдејќи дека поради прекини во снабдувањето со руска нафта сакала да обезбеди снабдување со деривати, а управниот суд во март ја отфрли тужбата на Роснефт, заклучувајќи дека владата не го надминала својот мандат со воведување државна администрација.


Правниот застапник на Роснефт, Малмендиер Легал, објави дека поднел тужба до Уставниот суд во која укажува на процедурални грешки на понискиот суд, повреда на уставното начело за правото на сослушување и неуставност на дел од германскиот закон за енергетска безбедност.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА